Здравје

Папок кај новороденче: што да очекувате

Како изгледа папочната врвца, како се негува и кога треба да се загрижите

По раѓањето на бебето папочната врвца се сече. Бабицата поставува пластична штипка или лента на папокот. По неколку дена откако папочната врвца ќе се исуши и затвори, штипката се отстранува. Првите неколку дена по раѓањето папочната врвца ќе потемни, ќе се замрежи и на крајот ќе падне. Понекогаш тоа може да потрае до две недели. Ако папочната врвца не падне по две недели, обратете се кај патронажна сестра.

Додека папочната врвца се суши и дури откако ќе падне, можеби ќе забележите дека површината околу папокот на бебето се навлажнува. Можеби ќе се појави транспарентен, леплив или кафеав исцедок кој може да остави трага на бебешката облека. Можеби ќе почувствувате и необичен мирис. Сето тоа е нормален дел од зараснувањето на папокот.

Чистење и грижа за бебешкиот папок

Секогаш мијте ги рацете пред да го допрете папокот. За чистење на површината околу бебешкиот папок користете само вода, а не сапун, крем, антисептик или алкохол. Папокот не се превива!

По бањањето папочната врвца мора сосема да се исуши. Обидувајте се повеќе да ја изложувате на воздух, за побрзо да се исуши и да зарасне. Немојте да ја прекривате со пластични гаќи или памучни пелени. Ако е можно, повторно свиткајте го горниот раб од пелената за да не дојде во контакт со папочната врвца. Ако папочната врвца се извалка со урина или измет, измијте ја со чиста вода и pH-неутрален сапун. Кога купувате производи за бебе, избирајте ги оние што имаат ознака „pH-неутрално“ или прашајте патронажна сестра да ви препорача препарати. Ако папочната врвца се извалка со измет, ќе ви биде тешко да го измиете само со вода (бидејќи бебешкиот измет содржи многу маснотии). Никако не обидувате се сами да ја извадите папочната врвца, дури и ако изгледа дека во секој момент ќе падне.

Папочна гранула

Кога папочната врвца ќе падне, кај некои бебиња може да се појави папочна гранула. Обично изгледа како мала розова или црвена грутка на местото каде што би требало да биде папокот. Понекогаш околу тие грутки може да се појави и исцедок. Папочната гранула е обично безопасна, но би требало да се изврши преглед од страна на педијатар или патронажна сестра.

Папочна кила

Ако кај бебето се појави израсток или оток во близина на папокот, можно е бебето да има папочна кила. Обично се гледа кога бебето плаче или се напнува за да изврши голема нужда. Килата најчесто не е опасна, ниту болна. Најверојатно ќе се затвори сама од себе, но би требало да ја прегледа педијатар или патронажна сестра. Обратете се на педијатар што побрзо кога ќе забележите леплив исцедок околу папокот по неколку дена откако папочната врвца паднала, ако површината околу папокот е топла на допир, црвена или надуена, и/или ако бебето има покачена телесна температура или не ви изгледа добро.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top