Пакетот со производи од „Светот на Биби“ пристигна во градинката „Димче Мирчев“ во Велес, која читателите ја прогласија за најдобро украсена градинка.
Оттаму ни испратија фотографии пренесувајќи ни ја радоста на дечињата.
– Вредниот тим на нашата градинка креира новогодишна магија за да се збогати празничната атмосфера и се погрижи да им ги развесели новогодишните празници на нашите дечиња и да ги внесе во новогодишната магија додека престојуваат во градинката – изјави директорката Маја Велиновска.

Таа им се заблагодари на неуморните креативци од објект 3 „Детелинки“ за нивната креативност и нивната желба и посветеност да направат вистинска бајка во градинката!
– Благодарност до тимот на Деца.мк што ни овозможи да ја прикажеме нашата новогодишна атмосфера и новогодишна бајка во која децата секојдневно уживаат во овие претпразнични денови.
Најголема благодарност до читателите на Деца.мк, кои преку неколкуте фотографии влегоа во нашиот новогодишен магичен свет и нѐ поддржаа, за нашата градинка да биде прогласена за најдобро украсена градинка и со тоа добитник на пакет производи од „Светот на Биби“.
Најсреќни за пакетот производи од „Светот на Биби“ ќе бидат нашите дечиња, кои со голема радост ќе се дружат со нив.
Среќни и весели новогодишни празници, да имаме само среќни дечиња со широки насмевки на нивните лица – вели Велиновска.








