Воспитување

Паднала во кома поради коронавирусот, а кога се разбудила дознала дека родила близнаци

Мајка која родила близнаци додека била во кома поради зараза со Ковид-19 вели дека е „неверојатно“ што тие воопшто преживеале.

Перпетуал Уке, консултант на ревматологија во градската болница во Бирмингем, Англија, се разболела и имала симптоми слични на грип.

Таа била однесена во градската болница „Кралица Елизабета“ и завршила на вентилатор, во иднуцирана кома, а нејзините бебиња биле родени со царски рез. Кога се разбудила од кома, мислела дека тие не преживеале.

„Бев во 25. недела од бременоста во таа фаза, а кога се разбудив, без многу дезориентирана. Мислев дека сум ја изгубила бременоста бидејќи повеќе не можев да си го видам мојот голем стомак. Бев многу загрижена. Понекогаш ги гледам со солзи во очите бидејќи не верував дека ќе издржат. Неверојатно е што може да понуди медицинската наука – рекла Уке.

Палмер, девојче, и Паскал, момче, се родиле во 26. гестациска недела, а тежеле само 770 и 850 грама. Биле поставени во инкубатори на специјалистична интензивна, неонатална нега. Мајката поминала уште дополнители 16 дена на интензивна нега пред конечно да ги запознае.

– Беа толку малечки и не изгледаа како моите постари деца, не можев да ги допрам, бев преплавена со емоции – рекла таа.

Нејзиниот сопруг Метју не бил загрижен само за животот на сопругата, туку се грижел и за прерано родените близнаци, како и за нивните поголеми деца Роналд и Клер. Метју рекол дека првично неговата сопруга зборувала со семејството преку видеоповик кога била примена во болница, но кога заминала на интензивна нега, престанала и комуникацијата.

– Имав измешани чувства кога ги донесоа близнаците. Мојата сопруга беше во кома, болна, не можев да зборувам со неа. Бев среќен што близнаците беа тука, но прашањето беше дали мојата сопруга ќе се врати дома – раскажува Метју.

Перпетуал и близнаците заминале од болницата со аплауз од персоналот, а сите закрепнуваат во домашни услови. Таа изјавила дека близнаците им донеле голема радост.

Автор: Лиса Дауд

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top