Здравје

Оздравеа уште 36 болни од Ковид-19. Најмногу заболени во Скопје и Куманово

На Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти од Ковид-19, информира Министерството за здравство. По градови тоа се: Скопје -19, Куманово -1, Штип -5, Прилеп -4, Тетово -1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2. Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи, и тоа во: Скопје -11, Куманово -2, Струга -1, Велес -3, Кавадарци -2, Гостивар -2 и Неготино -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица од Прилеп – пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката на 19 април и 63-годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ починале три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58-годишна возраст (двајцата хоспитализирани на 26 април) и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена починала и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија, на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на Ковид-19 стигнал во текот на вчерашниот ден.

Вкупниот број на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.421, бројот на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна:

– Скопје – 486
– Куманово – 378
– Дебар – 51
– Штип – 34
– Прилеп -143
– Тетово – 75
– Струга – 65
– Велес – 69
– Битола -19
– Охрид -15
– Кавадарци – 7
– Гостивар -17
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино – 5
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод – 2
– Пехчево – 1
– Валандово – 1
– Виница – 2

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top