Болници, операции, рани направи, игли, крв… Сето ова е доволно за да ги натера возрасните да се чувствуваат лошо. Оние што се во болница и се подложуваат на разни процедури кои се страшни, тешки, болни, неразбирливи, најчесто се исплашени. Понекогаш изгубени, понекогаш осамени, понекогаш како едноставно да сакаат да избегаат оттаму… А како е за децата кои минуваат низ истото?
Воопшто не е лесно, и сигурно дека убав гест, топол збор полн со разбирање, прегратка, малку утеха, кадифена играчка – или убав фластер, прави чуда. Ваквите дела создаваат насмевки на лицата и го бркаат стравот.
Една жена објавила фотографии и приказна за својот сопруг, детски хирург, кој е омилениот доктор во болницата. Тој смислил одлична идеја што го брка стравот од малите очи.
-Мојот сопруг е детски хирург. Тој е „сериозниот, технички“ човек во нашата врска – сè е поврзано со прецизност, протокол, медицински факти. Со години се бореше со најтешкиот дел од својата работа – убедувајќи ги исплашените деца да соработуваат за време на процедури, инјекции или непријатни тестови. Тој се враќаше дома фрустриран, велејќи дека чувствува како да ги трауматизира децата наместо да им помага – рекла сопругата Рита.
Бидејќи неговата сопруга е занаетчија, таа прави изработки по нарачка, а потоа ги продава своите дела, па еден ден сопругот добил идеја додека ја гледал… Додека неговата сопруга читала пораки од клиенти за тоа колку се возбудени децата што ги добиваат нејзините креации, тој добил идеја што сакал да ја испроба.
-Следната недела, тој се врати дома со сет обоени маркери и рече: „Сакам да пробам нешто“ – напишала таа, а она што го направил потоа му ги променило деновите во болницата и, со сигурност, животот на многу млади пациенти.

фотоизвор: Facebook
-Сега, по секоја процедура што остава лузна или завој, тој црта персонализирани уметнички дела директно на завојот. Суперхерои, животни – што и да сака детето. Тој ги поминува тие неколку дополнителни минути создавајќи нешто магично на она што некогаш беше само медицинска лента.
Потоа овој хирург станал уште поомилен.
-Трансформацијата беше неверојатна. Децата кои порано се плашеа од него сега прашуваат дали можат да добијат „специјални цртежи од д-р Мајк“ – рекла сопругата.
Родителите му испраќаат фотографии од своите деца како ги покажуваат своите завои како медали, додала г-ѓа Хадсон.
Гордата сопруга на крајот напишала:
-Понекогаш сè што е потребно е малку боја во светот што изгледа премногу сериозен и страшен.