Воспитување

Овој родителски метод може да ги разгали децата

Концептот на разгалено дете ни е познат на сите. Најчесто се карактеризира со прекумерна попустливост од страна на родителите, а како што објаснуваат психолозите, попустливото родителство е токму методот на воспитување кој води до разгалени деца. Родителите што прекумерно му угодуваат на своето дете може несвесно да доведат до развој на премногу големо чувство на самодоверба, лоши социјални вештини и немање дисциплина кај детето.

Често вкоренето во добронамерната желба за помош, поддршка и грижа – претерано попустливото родителство може да придонесе за развојот на две проблематични однесувања. Но, како да препознаете дека детето може да биде разгалено поради начинот на кој е воспитано? Некои од симптомите се следниве:

-детето никогаш не прифаќа „не“ за одговор
-има чести тантруми ако нешто не му одговара
-никогаш не се задоволува со тоа што го има
-очекува секогаш да добива сè што сака.

Психолозите, исто така, забележуваат дека попустливите родители честопати не се ни свесни дека нивното однесување може да придонесе за развој на разгаленост кај детето, додека не стане предоцна.

Затоа, потребно е да му се даде до знаење на детето дека не може секогаш сè да биде по негово, да се постават јасни граници и дека треба да се придржува до одредени правила, кои се од суштинско значење за успешно воспитување на секој поединец.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top