Игротека

Овој ВИ-асистент овозможува повеќе време за родителот, а помалку хаос

Родителството е баланс меѓу љубов, трпение, внимание и бесконечен број дневни обврски. За Шила Лирио Марсело, мајка и коосновач на платформата „Ohai.ai“, технологијата стана средство за полесно управување со сите тие задачи.

– Постојано размислував дека мора да постои подобар начин. Имав знаење и алатки, па зошто да не ги искористам не само за да си помогнам себеси, туку и на милиони други родители? – вели таа.

„Ohai.ai“ е дигитален домашен асистент кој користи вештачка интелигенција за да им го олесни животот на родителите. Помага да се организираат повеќе календари, да се планираат оброци, да се испраќаат потсетници, па дури и да се најде слободно време за семејството или моменти само за себе.

– Кога ќе се вратам дома, сè е подготвено. Нема трчање во продавница со децата или брзање помеѓу тренинг и готвење – објаснува Шила.

Платформата ја вклучува и функцијата „Дејли дамп“, која им помага на децата сами да управуваат со своите задачи.

– Ако имаш 14 години, платформата ти кажува секое утро што треба да направиш. Ги учиме децата дека семејството функционира како тим и дека не може сè да падне само на мајката – објаснува Шила.

Таа веќе десет години е позната по иновации за родители. Претходно ја основала „Care.com“, глобална платформа за наоѓање помош.

Шила нагласува дека менталниот товар на родителството е огромен и често води до стрес и непотребни расправии.

– Малите нешта, како заборавен термин или погрешно внесен настан, можат многу да влијаат врз стресот на родителите. ВИ може да ни помогне да бидеме смирени, присутни и поврзани со семејството – вели Шила и додава дека технологијата не е цел сама по себе, туку начин луѓето повторно да го добијат она што е најважно: време, внимание и радост во семејството.

– Сакам родителите да престанат да живеат со вина и стрес и да се свртат кон радост и близина со своите деца. ВИ ни овозможува да бидеме подобри родители и да создадеме посреќни семејства – заклучува таа.

Извор

Поврзани написи

To top