Кај бебињата лесно е да се препознае кога се среќни: таа гласна, срдечна смеа, широките, насмевки (без заби) и возбудените плачења кажуваат сè. Но, како што растат, емоциите стануваат посложени, а среќата… па, малку поприкриена. И тоа може да биде фрустрирачко за родителите. Една студија во САД покажала дека дури 73 отсто од родителите ја сметаат среќата за најважна цел во родителството, додека успехот е само со 20 отсто на таа скала.
Па, како знаете дали вашето дете е навистина среќно?
Еве што велат експертите:
Смеење и насмевки без причина
Ако вашето дете често спонтано се смее или се насмевнува додека си игра или само го набљудува светот, тоа е многу добар знак.
-Телото и говорот на телото се првиот начин на кој децата покажуваат емоции – вели д-р Аријана Хоет, детски психолог во детската болница „Нејшнвајд“.
Игра и љубопитност на секој чекор
Среќните деца си играат со други деца, сами, со играчки, кутии, со бубачките, со сè.
-Играта е знак дека детето се чувствува безбедно – вели д-р Харшасу Барот, детски психијатар.
Кога децата поставуваат прашања и му се восхитуваат на светот, знаеме дека добро им оди.
Го покажуваат целиот спектар на емоции
Среќно дете не значи дете кое постојано се смее.
-Вистинската среќа доаѓа од чувството на сигурност и прифаќање – вели д-р Барот.
Значи, кога вашето дете знае дека е во ред да биде тажно, луто или разочарано и знае дека ќе бидете тука за него, тоа е голем плус.
Имаат пријатели и знаат како да се поврзат
Децата што се среќни обично сакаат да поминуваат време со други луѓе, без разлика дали тоа се другарите или семејството.
-Играњето заедно, споделувањето, смислувањето игри заедно, сето тоа се знаци на здрави врски – вели д-р Бренди Шуман, клинички професор по психологија.
Покажуваат самодоверба и знаат како да се заложат за себе
Среќните деца не се оние што постојано бараат надворешна потврда.
-Дете кое не се плаши да прави грешки и не се воздржува од поставување прашања. Тоа е дете кое се чувствува безбедно – објаснува терапевтката Рејчел Голдберг.

Имаат рутина и живеат здрав живот
Добриот сон, здравата храна и вежбањето не се клишеа.
-Физичкото здравје и менталното здравје одат рака под рака – вели д-р Кети Хопкинс од Детската болница Нортон.
Бараат блискост
Прегратки, гушкање, слатки зборови… кога детето бара само поврзување, тоа многу кажува.
-Среќните деца покажуваат интерес за другите и сакаат да се поврзат – вели д-р Хоет.
Изолацијата може да биде знак дека нешто не е во ред.
Благодарни се и позитивни
Ако вашето дете знае да каже „благодарам“ и е искрено среќно за малите нешта, вие сте на вистинскиот пат.
-Дете што го гледа светот низ позитивна призма и се радува на иднината е среќно дете – истакнува д-р Хопкинс.
Имаат свои интереси и со нетрпение очекуваат нови работи
Среќните деца сакаат да прават нешто, и тоа не мора да биде совршено.
-Дури и кога детето ќе проба нешто и брзо ќе се откаже, важно е дека сакало да го проба уште на почетокот. Тоа е знак на внатрешна мотивација и сигурност – вели Рејчел Голдберг.
Брзо закрепнуваат по тешките моменти
Среќата не е само во радоста, туку и во отпорноста.
-Среќните деца знаат како емоционално да закрепнат по разочарувањето – вели д-р Хоет.
Покажуваат креативност
Кога децата цртаат, фантазираат, раскажуваат приказни, градат кули од перници. Тоа е чиста среќа.
-Креативноста и смеата честопати одат заедно – потсетува д-р Барот.
Се радуваат на успесите на другите луѓе
Ако вашето дете знае како да биде среќно за брат, сестра или другар, тоа е голем знак дека се чувствува добро во својата кожа.
-Не се сите среќни кога некој друг успева, но среќните деца често се – вели Голдберг.
Се држат до договорот
Кога твоето дете ќе каже „Имам тренинг“ и всушност ќе одлучи да пропушти некој роденден затоа што му е важен, секоја чест.
-Способноста да се издржат мали фрустрации и да се биде доследен покажува емоционална стабилност – вели Голдберг.
Автор: Карина Шиждрак