Бременоста е магичен период. Стомачето, бебето кое расте во него. Имате голема причина да си го сакате стомакот. Купувате нова трудничка облека, непознати луѓе ви се насмевнуваат, децата покажуваат кон вас – но, потоа ќе направите некоја глупост и сè оди по ѓаволите. Има некои работи што не треба да ги правите додека сте бремени. Не мислам на пиење вино или јадење суши. Мислам на глупави секојдневни работи кои треба да ги избегнувате заради здравје и разум. Јас ги правев сите. Бев глупава. Не правете ги истите грешки како мене.
Поместување мебел
Мојот сопруг не беше дома. Сакам да ја поместам масата за пресоблекување од ходникот (беше на самиот пат) во детската соба (и таму беше на влезот). Бев 6 месеци бремена. Логично, требаше да чекам. Но, мојот ум рече дека тоа мора да се направи веднаш, па влечев и туркав, го кренав едниот крај за потоа да ми падне на ножниот прст. Останав без нокт. Го завиткав ноктот во хартиено марамче и продолжив да туркам. По половина час, мојата маса за пресоблекување беше наместена. Сопругот беше лут, јас бев исцрпена. Плус, прстот ми беше повреден. Научена лекција.
Носење едноделен костим
Со мојот прв син приговарав поради својата дебелина од првото тримесечје до породувањето. Кога одевме на базен, го криев мојот стомак со едноделен костим, единствениот во кој ме собираше. Бев попаметна во бременоста со вториот син. Кога инаку, освен за време на бременост, имате толку голем и прекрасен стомак? Го заменив едноделниот костим за бикини во кое ги собираше моите гради. Изгледав одлично. И вие ќе изгледате одлично.
Грижа околу стриите
Веројатно ќе имате. Поради првите и ќе се расплачете. Јас ги добив на дојките и трчав на горниот кат со солзи кај свекрвата за да ѝ ги покажам. Таа ми се смееше, мислев дека е безобѕирна, но сега знам дека е во право. Вашето тело се протегнува така што тоа е невозможно да се избегне, но тие ќе исчезнат. Или ќе изгледаат како пруги од моќна тигрица. Сте ги заработиле во својата битка, немојте да се одрекувате од нив.
Штедење на перници
Мене ми беа потребни 6: 2 за глава, по една на секоја страна од телото за да се вгнездам, па и уште по една за секоја страна од стомакот и колковите. Ова беше многу глупаво. Наместо тоа, требаше да набавам еден од оние луди труднички перници во облик на букви, кои нудат крајна удобност. Бремена си, верувај ми, го заслужуваш тоа колку и да чини.
Двоумење
Во вас расте човек. Ова е една од најтешките работи, еволуциски, кои човечкиот вид може да ги направи. Затоа заслужувате да го добиете она што го сакате. Сакате да јадете? Трудни сте. Сакате да останете дома? Трудни сте. Сакате да купувате облека? Трудни сте, трудни сте, трудни сте!

Влегување во секоја продавница за бебиња
Влегував во продавница, гледав наоколу и се расплакував. Плачев во текот на целото возење кон дома. Потоа седнав и направив листа со она што всушност требаше да го купам. Тие работи беа облека, пелени, носилка и лулашка. Со листата не ме преплавија толку емоции.
Премногу си се потпирала на планот за породување
Имав план кој одеше вака – јас би отишла во болница дури тогаш кога апсолутно морам, а потоа само би лежела таму во топла вода. Породилните болки не би ми биле премногу болни, ќе се справам со нив со мојата омилена музика, сè додека мојот син тивко не дојде на свет и не се загледа во мене од водата, пред да го извадам и да го издиши првиот здив како да е Симба. Јас би јадела и би пиела. Веднаш би доела и би си отишла дома за 4 часа, а околу мене би имало магична прашина и само добри вибрации. Наместо тоа, јас бев префрлена во болница со страшни болки, дехидрирана, неспособна да јадам и морав да туркам три часа без престан. Ова не беше породувањето што го сакав. Можев да го избегнам тоа ако бев повеќе флексибилна во врска со моите очекувања од почетокот. Немојте да бидете како мене.
Набавување нов домашен миленик
Ти си бремена. Немаш време за тренирање кученце. Удомивме германски овчар додека бев бремена со мојот трет син и иако на крајот сè добро се заврши, првите неколку месеци во домот имаше многу пресвртници. Не е фер кон кучето и не е фер кон вас. Строго правило на бременоста – минимизирајте го бројот на животи за кои сте одговорни. Верувајте ми.
Автор: Елизабет Бродбент