Луѓето често велат: „Не е ништо страшно, само игнорирај го“. Таа стратегија е правилна понекогаш, но не секогаш. Игнорирањето на недоличното однесување е легитимна стратегија за родителство. Тоа му покажува на вашето малечко дека неговите лудории нема да го привлечат вашето внимание. Ова значи дека детето ќе има помала веројатност да го повтори во иднина. Сепак, не треба да се игнорира секое однесување. Ако е така, тоа ќе доведе до полоши проблеми подоцна. Внимавајте на овие мали проблеми во однесувањето и преземете акција што е можно поскоро. Ова се шест од нив, кои никако не треба да ги игнорирате.

Детето ве прекинува кога зборувате

Вашето дете можеби е возбудено и сака да ви каже важен дел од неговиот ден. Кога му дозволувате на вашето дете да се вклучи во вашиот разговор, му давате порака дека тоа е во ред. Ова не го учи вашето дете да биде внимателно кон другите. Исто така, не го учи дека некогаш треба да си го окупира своето време. Следниот пат кога тоа ќе се случи, кажете му на вашето дете дека ќе бидете зафатени. Предложете неколку играчки или игри со кои може да се занимава. Ако продолжи да ве прекинува, насочете го назад кон вистинскиот правец.

Преувеличување на вистината

На почетокот, претерувањата се малку на број. Можеби, вашето дете ви кажало дека го изело сиот зеленчук во чинијата. Оваа мала бела лага не е баш штетна, но не е факт. Можеби мислите дека ова не е голема работа, но на крајот, лажењето може да се влоши. Запомнете, кога детето е на возраст меѓу 2 и 4 години, тоа не знае точно што е вистината. Но, потоа ќе почне да разбира. Кога ќе ја каже вистината, пофалете го. Охрабрете го вашето дете да биде искрено, дури и ако тоа значи дека може да западне во неволја.

Се преправа дека не ве слуша

Сите сме запознаени со оваа тактика. Можеби и самите сте го правеле ова како дете. Тоа сепак не значи дека е во ред. Не треба да се повторувате три или четири пати за вашето дете да ги земе играчките или да влезе во автомобилот. Запомнете, вие го воспитувате вашето дете. Ако ова започне додека детето е малечко, само ќе се влошува во иднина. Игнорирањето е игра на моќ од страна на детето. Следниот пат кога ќе побарате од вашето дете да направи нешто, одете до местото каде што е и погледнете го. Погрижете се да одговори со: „Во ред, мамо“. Ако гледа телевизија, во ред е да се исклучи телевизорот. Ова е, исто така, време кога можете да почнете да одземате привилегии. На пример, наместо еден час ТВ, детето да може да гледа само половина час.

Премногу груба игра

Знаете дека треба да се вклучите кога вашиот син ќе го удри помладиот брат. Но, не сакате да ги игнорирате и посуптилните агресивни дејствија, како што се туркањето на својот помлад брат или игнорирањето. Треба рано да го контролирате ова или ќе излезе од контрола до 8-годишна возраст. Исто така, испраќа порака дека повредувањето на луѓето е во ред. Веднаш соочете се со агресивното однесување. Тргнете го синот настрана и кажете му дека не е во ред да се прави тоа. Дека може да повреди некого. Ако однесувањето продолжи, не дозволувајте му да си игра со својот помал брат додека не престане.

Детето само си зема слатки кога сака

Знаеме дека е погодно кога вашето дете може самото да си земе закуска и да го вклучи телевизорот, без ваша помош. Можеби е слатко кога вашето 2-годишно дете ќе земе колаче од шанкот без да праша. Но, само почекајте да наполни 8 години и кај некој пријател, на пример, да земе нешто такво без да праша. Важно е да воспоставите некои домашни правила. Дали вашето дете може да зема слатки без да праша? Дали треба да побара од вас дозвола за да го вклучи телевизорот? Погрижете се вашето дете да знае кои се правилата, бидејќи тоа ќе му помогне во иднина.

Вообразен и дрзок став

Можеби мислите дека таквото однесување започнува пред тинејџерска возраст, но започнува многу порано. Децата од предучилишна возраст ќе го имитираат однесувањето на нивните родители за да видат каква реакција ќе добијат. Родителите може да го игнорираат, бидејќи мислат дека тоа е фаза. Ако го игнорирате ваквото однесување, тоа ќе се влошува. Ќе имате третоодделенец со проблеми во однесувањето и можеби ќе имате чувство дека не можете да го контролирате.

Треба да го направите вашето дете свесно за своето однесување, за да разбира кога тоа не е во ред. Кажете му на вашето дете дека знаете оти ги превртува очите. Идејата овде е да му дозволите на вашето дете да се чувствува лошо за своето однесување. Кажете му дека ќе го слушате кога ќе биде подготвено да разговара убаво со вас. Ако веќе сте го направиле ова, тогаш одлично. Ако не, тоа е во ред, никогаш не е доцна за почеток. Запомнете, сите родители поминуваат низ подеми и падови. Ако се држите до тоа, сиот труд ќе ви се исплати.

Автор: Лиен Авил/ терапевт

Извор



912

X