Воспитување

Овие мајки живеат најдолго, а посебни се и по нешто друго

Огромната грижа и стрес што ги носи воспитувањето на децата може на некој начин негативно да влијае врз мајките, па дури и да им го скрати животот. Сепак, вистината е сосема поинаква и сигурно ќе се изненадите од она што го откриле научниците.

Едно истражување покажало дека еден „тип“ мајки живее најдолго – мајките на близнаци.

Студија објавена во 2011 година покажала дека жените што родиле близнаци живеат подолго од оние мајки што раѓале по едно бебе (т.е. немале бременост со близнаци).

Жените што раѓаат близнаци се сметаат за посилни, и затоа живеат подолго.

-Го очекувавме токму спротивното. Очекувавме, имајќи предвид дека повеќето жени имаат единечни бремености, дека раѓањето близнаци може да биде оптоварување на телото – истакнала истражувачката Шенон Робсон од Универзитетот во Јута.

Сепак, вистината е поинаква. Научниците откриле и дека мајките на близнаци имаат „подолг репродуктивен период, им треба помалку време да закрепнат помеѓу бременостите и имаат тенденција да имаат повеќе деца вкупно.

Студијата ги анализирала само жените што зачнале природно и открила дека мајките на близнаци во просек имаат меѓу 1,9 и 2,3 повеќе деца од оние што имале единечна бременост. Научниците се надеваат на дополнителна анализа за да ги откријат причините за овие резултати и можеби да дојдат до некои сознанија кои би биле корисни за сите мајки.

-Со нивно идентификување, ќе можеме да научиме други аспекти за тоа што ги прави поздрави и што им помага да живеат подолго – вели истражувачката Робсон.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top