Игротека

„Пубертет е живот составен од глупости“. Детски бисери за разубавување на денот

Што е карактер?

Тоа е спорт. Мојот брат е карактерист.
Тоа го видов во зоолошка градина. Има рогови, но нема опашка.

Што е детство?

Тоа е мојот живот кога бев мал.
Тоа го добиваме кога се раѓаме, па потоа поминува.
Детство е кога гледаш слики со жолта боја.

Што е пубертет?

Тоа е неизлечива болест. И период кога ти растат мустаќи преку ноќ.
Пубертет е живот составен од глупости.
Тоа е кога ќе престанеш да бидеш девојче и слободно можеш да се шминкаш.
Кога сум со дедо, постојано зборуваме за девојки од тој пубертет.

Како се прават бебиња?

Тие се прават од бабици во родилиште.
Срам ми е тоа да го кажам бидејќи тоа е безобразна работа.
Се прават навечер, затоа мижат кога се раѓаат.
Тоа е една глупава работа за која се прима детски додаток.
Бебиња се прават од штркови или од зелка. Како кој сака.
Бебиња се прават кога си добар, па ти раѓаат братче, а потоа тој е главниот, па ти залудно си добар.

Што е сонце?

Кој гледа во сонце, а не мижи, ќе му се разболи учителката.
Најубаво е сонцето на море. Тоа таму живее и штом ќе дојдеме, прашува колку пари имаме.

Извор: „Читај книга“/ Фејсбук

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top