Воспитување

Овие 4 работи нема да го направат вашето дете подобра личност – опуштете се!

Како родители, често се грижиме како да направиме сѐ што можеме за подобрување на нашето дете. Но, понекогаш, факт е дека навистина претеруваме, и тоа без никаква причина.

Дали јадело доволно? Можете ли да му дадете чоколатце? Што ако падне? Во кое училиште да го запишете? И уште мал милион слични проблеми, дилеми, трилеми. Сите овие работи ви пречат кога сте родител. Се грижите за ова, се прашувате за тоа, размислувате како и колку точно тоа ќе влијае врз вашето дете. За некои работи вреди да се грижите и да направите сѐ што е во ваша моќ за да ги спроведете на дело, бидејќи тоа навистина ќе му користи на вашето дете. Но, некои не вредат. Сигурно ќе има луѓе кои ќе речат дека и тие невредните се од клучно значење, но тоа најверојатно ќе го сторат од други причини. Ова е списокот на една мајка блогерка која вели дека овие четири работи нема да го направат вашето дете подобра личност.

Платнени пелени

Некои работи во родителството ги следи гфама, околу нив се вртат разни правила, се истражуваат добрите и лошите страни. Една од таквите работи се платнените, односно пелените за еднократна употреба. Пелените за еднократна употреба се прекрасен избор! Сите знаеме, без исклучок, дека се корисни, еколошки, дека се подобри за детската кожа и имаат цела низа други предности. Но, факт е дека не секој е подготвен да се подреди на употребата на ваквите пелени. Не секој има ист ритам, ги немаат сите истите можности, не сите ги имаат истите желби и барања. И тоа е сосема во ред. Иако пелените за еднократна употреба се поеколошки, факт е дека тоа нема да го направи вашето дете подобра личност.

Доење

Ако платнените пелени се актуелна тема, тогаш доењето е најактуелна тема. Пред некој да нѐ распне, само да нагласиме дека сите знаат и се свесни оти доењето е здрав, прекрасен, идеален избор. Но, факт е и дека секоја друга форма на хранење на детето, секако приспособена и соодветна за возраста на детето, нема да значи крај на светот. Секако дека мајчиното млеко е подобар избор, поедноставно е, покорисно е, прави разлика во имунитетот на детето, што е докажано, но поради хранење со адаптирано млеко или порано прекинување на доењето вашето дете нема да страда или да биде полоша личност подоцна.

Органска домашна храна

Ако имате можност да набавите органска, домашна храна без пестициди, ако немате проблем да подготвувате само таква храна – секако дека ќе го сторите тоа. Кој не сака да се храни на тој начин? Секако, таквата храна е поздрава и може да биде многу позитивна за вашето дете. И за сите, на крајот на краиштата. Но, дали оваа храна ќе го направи вашето дете подобра личност или воопшто поинаква? Не.

Спиење, заедничко спиење или што било поврзано со спиењето

Подобро е да спиете со бебето, повеќе ќе се наспиете. Никогаш не ставајте го бебето во вашиот кревет, тоа е опасно. Не заспивајте го со нишање, ќе се навикне. Мора да спие преку ден за да може полесно да заспие навечер. Не дозволувајте да си легнува предоцна, нема да спие цела ноќ континуирано. На овие совети им нема крај. Спиењето е една од најчесто споменуваните теми кога се во прашање бебињата и малите деца. Знаете што? Еднаш ќе ја преспие цела ноќ. Еден ден, во пубертет, ќе ги молите децата да се разбудат. И никој нема да се сеќава на овој период. Вашето дете нема да биде попаметно или подобра личност ако подобро спиело како дете.

Автор: Луна Николиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top