Воспитување

Оваа мајка очекува децата да следат три правила – голем број родители ја поддржуваат

Секој родител има свој стил на воспитување, а некои методи се сметаат за поконтроверзни од другите. Мајката Алана споделила на социјалната платформа „Тик-ток“ кои правила треба да ги следат нејзините деца. Свесна е дека тие се спорни за некои родители.

Прво, не дозволува децата да преноќат кај другарите.

„Кога го велам ова, не мислам на бабите и дедовците или членовите на семејството на кои им верувам, туку на другарите од училиште. Не, нема спиење кај други, но секој е повеќе од добредојден во мојата куќа“, рекла таа.

Второто правило е дека не ги остава децата да плачат.

„Кога моето шестмесечно бебе е вознемирено, нема само да го оставам да плаче. Ако е нахрането и пресоблечено, нема само да седам. Веројатно му требам на моето дете. Знам дека има луѓе кои ги оставаат своите деца да плачат пред спиење, но јас не го правам тоа“, додала таа.

Watch on TikTok

Трето, не ги присилува децата да гушнат и бакнуваат некого ако не сакаат.

„Никогаш не ги терам да прават нешто што им е непријатно, особено со луѓе што едвај ги познаваат“, рекла таа.

Иако била подготвена за критики, видеото на „Тик-ток“ привлекло многу лајкови и коментари од нејзините истомисленици.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top