Бебето е мало чудо кое на сите им е интересно, сите се разнежнуваат кога ќе го видат. И сите сакаат да му се доближат, сите сакаат да го погалат, сите сакаат да го насмеат и сите сакаат да го земат в раце. Оние мајки што веќе имаат големи деца сакаат да се потсетат како е да се има бебе, трудниците сакаат да пробаат како е, бабите имаат свои причини и секое бебе е „нивно“, децата би сакале да пробаат како е да се биде голем и слично.

Но, мајките не секогаш сакаат да им ги даваат своите бебиња на сите. Тие не мора да имаат причина за тоа, туку едноставно не сакаат. И тоа е сосема во ред. На бебето најпријатно и најдобро му е во рацете на неговата мајка, во близина на неговата мајка, а некои воопшто не сакаат да седат кај друг. Едноставно, мајката има право да одбие и да не го дава бебето на други.

Но, постојат упорни луѓе, а не сите мајки можат да кажат „не“. Потребна е реченица која би можела да ги разубеди другите и накратко да им даде до знаење дека не можат да го кренат бебето.

Една мајка објави видео на „Тик-ток“ со ваква реченица. Реченицата што таа ја користи му објаснува на секој човек дека треба да се повлече и да се откаже од земањето на бебето.

– Конечно дојдов до совршената реченица кога некој ќе побара да го држи бебето, а вие не го сакате тоа – вели таа.

Таа дошла до идејата кога на еден роденден кај пријателка, нејзината баба била опседната со нејзиното бебе. Иако цела ситуација била слатка, таа се чувствувала непријатно кога бабата побарала да го земе бебето в раце.

– Тешко е бидејќи луѓето се чувствуваат различно и не им е на сите удобно. Јас лично се борам со тоа – вели таа.

Со оглед на тоа што е добро воспитана, таа одговорила „да“ иако не сакала бабата да го земе бебето. По неколку минути ѝ рекла на бабата: – Имам две ќерки и никогаш не сум сама со него, па ќе си го земам назад. Ви благодарам што го држевте.

Убаво, но непријатно и сепак некој ти го зел бебето. Затоа, таа смислила подобра алтернатива, за да го спречи тоа. Совршената реченица?

– Не, благодарам. Да, толку е едноставно. Кога ќе размислите, на тој начин не само што сте пристојни, туку и ја збунувате личноста на љубезен и фин начин.

@hanelaine

caught me at a weak moment

♬ original sound – hannah king

Извор



912

X