Саманта Брд стана вирална на „Тик-ток“ откако објавила видео во кое објаснува зошто бара нејзините мали синови да плаќаат кирија, храна и комунални услуги. Таа го објавила видеото пред неколку дена, а веќе е прегледано повеќе од четири милиони пати.
Брд истакнува дека има добра причина за оваа одлука: таа и нејзиниот сопруг сакаат да ги научат своите синови за важноста на парите. Секоја недела нејзините синови, на возраст од шест, седум и девет години, добиваат по шест долари џепарлак. Потоа, на почетокот на секој месец таа и нејзиниот сопруг бараат од синовите да „платат“ еден долар за кирија, еден за комуналии и еден за намирници, а преостанатите пари ги трошат како што сакаат.
За да можат да ги следат нивните трошоци, Брд направила табела во која запишуваат колку пари имаат и на што ги потрошиле, за да да научат како да менаџираат со парите.
Ова вирално видео предизвикало вистинска дебата во коментарите. Некои мислат дека идејата е генијална, додека други не гледаат ништо добро во овој метод на воспитување.
„Отпрвин мислев дека ова е тотално лудо, но откако го погледнав целото видео, мислам дека е одлична идеја“, „Мислам дека тие се премногу малечки за ова. Ќе ги научиш да бидат премногу фокусирани на парите и да се нервираат кога ќе ги немаат“, се дел од коментарите под видеото.