Воспитување

Оваа мајка го воспитува својот син да биде добар сопруг на неговата идна сопруга – луѓето се воодушевени

Да го воспитате детето еден ден, кога ќе порасне, да биде одговорна личност и добар партнер, полн со разбирање – е една од најголемите желби на секој родител. За тоа е свесна и мајката Зохра, која на својот профил на „Тик-ток“, редовно објавува видеа на кои, како што објаснува, го учи својот син како да биде добар партнер, односно сопруг на својата идна сопруга.

Во неколку видеа кои досега ги има објавено оваа мајка објаснува на што го учи својот син, за тој подоцна да биде подобар партнер за неговата идна девојка или сопруга.

Watch on TikTok

„Го учам мојот син да пишува дневник за да може да ги изрази своите чувства и за вашата ќерка да не мора да се справува со маж кој не може да ги изрази или регулира сопствените емоции“, рекла Зохра, чии објави станале вирални. Освен тоа, луѓето се воодушевени од начинот на кој таа го учи својот син за животните вредности, кои вклучуваат и како да се биде добар партнер.

„Секоја чест за тебе, мислам дека секоја мајка што има син треба да го гледа ова. Светот би бил многу поубаво место кога мажите би знаеле како правилно да се однесуваат кон жените, поточно со нивните партнерки“, е само еден од многуте коментари.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top