Дека ниту една бременост не е иста, покажува фотографијата што познатата фитнес-инструкторка неодамна ја сподели на својот инстаграм-профил.
Емили, која по вторпат ќе биде мајка, на „Инстаграм“ сподели фотографија од нејзиниот стомак од првата и од втората бременост, во 19. недела. Разликата помеѓу двете фотографии е неверојатна.
– Секоја бременост е различна. Исто како нашите тела, животи, патувања итн., ние сите сме различни и споредбата е бесцелна освен ако не се прави за забава или љубопитност – не дозволувајте да ви ја украдат радоста – напиша таа под фотографијата.
– Не се чувствувам одлично кога сум бремена, но најважно е дека моето бебе и јас сме здрави. Големината на мојот стомак не е важна – пишува таа.
Сосема е нормално стомакот во текот на бременоста да се менува, но сигурно се прашувате зошто се менува кога сте бремени со вашето второ, трето бебе.
Зошто вашиот стомак е поголем во текот на втората бременост?
Накратко, тоа е така затоа што ова не е вашето прво бебе. Вашите мускули во стомакот и матката се многу полабави отколку порано благодарение на вашата прва бременост. Тоа значи дека порано ќе почне да ви се познава стомакот отколку првиот пат.