Исто како возрасните, и децата се вознемирени, нервозни или под стрес понекогаш. Ова може да биде поради тргнување на училиште, нова активност или одење на роденденска забава каде што не ги познаваат сите. Во повеќето случаи, таквата вознемиреност е сосема нормална и ќе исчезне сама по себе со текот на времето. Сепак, кај некои деца вознемиреноста може да влијае врз нивното секојдневно функционирање и тогаш им е потребна поголема поддршка.
Ако барате едноставен начин да му помогнете на вашето дете да се смири, Хариет Дејвис, експерт за детска психологија од болницата „Ројалс чилдрен хоспитал“ во Мелбурн, има неколку одлични совети. Тоа е едноставната техника 5-4-3-2-1 што може да му помогне на вашето дете да се смири и да се приземји за само една минута.
Правило 5-4-3-2-1 5
5-Забележување 5 работи што ги гледа: Ова може да бидат работи во нивната околина, предмети пред нив. Помага ако се фокусираат на текстури, бои и форми.
4 – Забележување 4 работи што може да ги допре: На пример, облека, омилена играчка, перница или стапалата што ја допираат земјата.
3 – Забележување 3 звуци што ги слуша: Ова може да биде звук на автомобил надвор, птици, некој во друга соба или едноставно нивниот здив.
2 – Забележување 2 мириси: Можеби мирисот на собата, балсам за усни или нешто во кујната.
1 – Забележување 1 вкус: Ова може да биде вкусот на омилена ужина.
Оваа едноставна вежба му помага на вашето дете да се врати од немирните мисли во сегашноста, да се фокусира на своите сетила и повторно да се чувствува под контрола. Дали ќе ја пробате оваа техника со вашето дете?
Автор: Ема Јуриќ