Откако ги казнила своите три деца зашто доцнеле на училиште, мајката Линет смислила идеја за креирање систем со поени ако сакаат да им заврши казната.
Ако Ешли, Рајан и Адам сакаат да ја вратат својата слобода, треба да заработат 500 поени (секој од нив), што може да се изведе преку извршување различни задачи. Линет им го испратила следново:
1. Напишете му убаво писмо на некој од семејството = 10 поени
2. Напишете му убаво писмо за соседот = 10 поени
3. Помогнете му на ваш роднина со домашната задача = 20 поени
4. Подгответе вечера = 50 поени
5. Средете ја облеката (перење, сушење, диплење и ставање на место) = 100 поени
5. Организирајте ја и исчистете ја кујнската подлога = 50 поени
6. Испразнете ја машината за миење садови = 25 поени
7. Исчистете ја масата = 25 поени
8. Исчистете ги шкафчињата = 25 поени
9. Исчистете ги кујнските столови = 25 поени
10. Исчистете ја микробрановата печка = 25 поени
Разгаленото дете е производ на разгаленото општество
11. Изнесете го ѓубрето и ставете нова вреќа = 10 поени
12. Исчистете го лавабото во тоалетот = 10 поени
13. Фрлете ги отпадоците од тоалетот = 10 поени
14. Исчистете го тоалетот = 50 поени
15. Полејте ги растенијата = 25 поени
16. Исчистете ја дневната соба со правосмукалка = 30 поени
17. Избришете прашина во дневната соба = 50 поени
18. Измијте ги прозорците во дневната и во кујната = 50 поени
19. Бришење и чистење на кујнскиот под = 25 поени
фото извор: Bored Board
Родителите треба да го избегнуваат секој дисциплински пристап што предизвикува болка и страв
На својот блог Линет напишала дека нејзиниот план оди како подмачкан:
– Ова функционира подобро отколку што замислував! Мојот најстар син успеа да заработи 500 поени во еден ден. Другите двајца се блиску и напорно работат! Синоќа имавме убава вечера подготвена од страна на син ми.