Игротека

Ова семејство 300 пати го посетило „Дизниленд“. Погледнете ги неверојатните фотографии

Семејството Рувалкабас живее во близината на „Дизниленд“ и оваа предност максимално ја користи. Секоја недела мајката Џенифер шие костими за целото семејство специјално за одењето во овој познат парк
Ако некогаш сте помислиле дека сте опседнати со „Дизниленд“, размислете уште еднаш.

Мајката Џенифер со своето четиричлено семејство живее во местото Норвок во Калифорнија, што значи дека имаат можност да го посетат паркот во Анахајму дури еднаш неделно.

Џенифер е домаќинка и откако научила да шие, направила околу 60 костими за шестгодишната Рели и речиси 20 костими за двегодишниот син Лиам.
Секоја недела мајката смислува различни костими кои сама ги прави од материјал што го купува по поволна цена.

Ова четиричлено семејство досега го посетило „Дизниленд“ дури 300 пати!

Иако се чини дека семејството Рувалкабас троши многу пари за влезници во паркот, мајката Џенифер за ова изјави:

– Ние имаме годишни семејни билети за „Дизниленд“, тоа е околу 180 долари месечно за семејството, а е вклучен и паркингот, што е прилично прифатливо.

Џенифер и нејзиниот сопруг сакаат да поминуваат време со своите деца, а и децата сакаат да поминуваат време со нив.
– Кога бев мала, не го посетував „Дизниленд“. Ги облекував моите костими и си замислував дека сум таму – раскажува Џенифер.
Таа изјави дека материјалот за костимите го купува по ниска цена од локалните продавачи за да заштеди пари, а за да направи еден костим, потребни ѝ се околу шест часа.

– Можам да останам и цела ноќ будна за да ги доправам костимите, но вреди  – рече Џенифер.
Таа почна и сопствен бизнис и костимите ги продава на интернет, а парите што ги заработува ги чува за неделните прошетки во „Дизниленд“.

 

 

 

 

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top