Образование

Oва се учениците што ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки

Шест основци предводени од тројца ментори од Природно-математичкиот факултет од Скопје ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, која во декември ќе се одржи во Доха, Катар. Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија ги соопшти нивните имиња по двата селекциони натпревари на кои учествуваа најдоброрангираните ученици од основните училишта на државните натпревари по физика, хемија и биологија.

Ова се нивните имиња:

– Мајкл Георгиевски, ученик во деветто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци

– Емилија Николовска, ученичка во осмо одделение во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид

– Никола Спировски, ученик во осмо одделение во ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ – Скопје

– Матеј Гелев, ученик во осмо одделение во ООУ „Блаже Конески“ – Велес

– Стефан Дрмач, ученик во деветто одделение во ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ – Скопје

– Теона Кировска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе

Нашиот тим на ланската Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

До декември со учениците ќе работат универзитетски професори, членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичари на Република Македонија и Македонското биолошко друштво. Секој ментор ќе ги подготвува учениците по одреден предмет.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top