Честопати во животот можеме да видиме пример на разгалено дете во општеството. Се разбира, ниту еден родител не сака неговото дете да биде разгалено, но често тоа го прави несвесно. Постојат три типа родители кои ги поттикнуваат разгалените деца, вели терапевтот Шон Гровер.

Тој вели дека верува оти разгалувањето е поттикнато од технологијата.

-Многу студии покажаа дека преголемата зависност на децата од технологијата ги зголемува анксиозноста, депресијата и социјалната изолација, што резултира со ниска толеранција на фрустрација – рекол Шон.

Три специфични типови родители кои поттикнуваат разгаленост кај децата:

-Родители кои биле малтретирани или запоставени од своите родители, па сакаат да го надоместат своето детство давајќи им премногу моќ на своите деца.

-Родители кои страдаат од анксиозност и не можат да ги видат своите деца како се мачат, затоа премногу ги разгалуваат.

-Родители кои имаат проблем со донесувањето одлуки и ја префрлаат родителската улога на своите деца, воспитувајќи ги во насока тие да се грижат за нив, наместо да биде обратно.

Гровер, исто така, истакнал пет главни последици од овие методи на родителство: ниска толеранција на фрустрација, слаби вештини за решавање проблеми, лоша работна етика, предизвици во социјализацијата и емоционална незрелост.

Извор



912

X