Родителската улога понекогаш знае да биде предизвик и понекогаш се прашуваме дали сме на вистинскиот пат. За среќа, семејниот терапевт Мелани Мекграт открива пет работи кои укажуваат на тоа дека некој е добар родител.

– Како семеен терапевт, психоаналитичар, мајка и баба, моето искуство беше дека овие работи покажуваат дека сме на вистинскиот пат во родителството – вели Мекграт.

Таа тврди дека одличните родители ги прават следните пет работи секој ден.

  1. Се забавуваат и си играат со децата.
  2. Признаваат дека родителството понекогаш е тешко.
  3. Свесни се дека нивните деца сè уште минуваат низ различни фази во нивниот развој, па затоа ги земаат предвид нивните специфични потреби.
  4. Се грижат за себе.
  5. Учат од своите грешки.

Извор



912

X