Колку често се осврнуваме на минатото и си велиме: „Посакувам тогаш да го знаев она што го знам сега.“ Бидејќи тоа често им се случува на луѓето, на веб-платформата „Редит“ некој постави прашање што треба да знаат девојките во животот, а никој не ги учи.
Некои одговори ќе ви ги отворат очите, а некои се одлични потсетници на што треба да внимавате, особено ако имате ќерка.
Финансиска независност
– Како маж, ова е нешто на што сигурно ќе ги научам моите ќерки. Тоа не е работа за мажи, тоа е работа на секој софистициран член на општеството.
Совети за месечниот циклус
– Магнезиумот помага при менструални болки кога се зема како дневен витамин. Во многу наврати, ова ме спаси.
– Прилично е нормално да имате блага дијареја додека имате месечен циклус. Извинете ако ви е непријатно да го прочитате ова, но би сакала да не морам да чекам до 30-тата година пред да дознам дека ова е нешто што вообичаено им се случува на девојките.
Бременост
– Живеам во семејство со девојчиња и тестовите за бременост ги чуваме во шкафчето со тампони и тоалетна хартија. Подобро е да сме подготвени за тоа.
– Не е срамота да направите тест за бременост. Дури и ако не постои веројатност да сте бремени, направете тест за да се смирите. Многу пати сум слушнала дека жените се двоумат, понекогаш и со недели, да направат тест. Тоа е голема агонија. Секоја форма на контрацепција може да пропадне и подобро е да откриете рано и да ги имате сите можности како опција.
Да се залагаат за себе кога се на доктор
– Девојки, кога правите ПАП-тест, не треба да боли. Инструментот се избира врз основа на вашата висина. Тоа никој не ви го кажува.
Вештини за шиење
– Не го велам ова од родови причини, туку затоа што облеката често не стои добро. Големината 38 од еден бренд е сосема различна од истата големина од друг бренд.
– Ова е добра вештина што можат да ја научат и мажите и жените. Јас сум маж и баба ми ме научи на основите на шиењето. Тоа ми заштеди многу пари.
Правилна хигиена на гениталиите
– Многу жени добиле инфекции затоа што не знаеле како правилно да се мијат.
– Би им препорачала на жените да не користат типични сапуни или гелови за туширање со силни мириси и бои за нега на интимните делови бидејќи тоа може да предизвика иритација.
– Мијте се само со вода, повремено и со благ сапун без мирис.
Слушајте се себеси и вашите инстинкти
– Ставете се себеси на прво место. Ако не ви е удобно со некого, извинете се, станете и не потценувајте го вашиот инстинкт.
– Користете го одењето во тоалет како изговор да побегнете од личност со која не ви е удобно.
Како да смените гума
И за крај, многу е важно да знаете како да се справите со непредвидлива ситуација како менување гума на автомобилот.
912