Воспитување

Особини на мажите што се создадени да бидат татковци

Дали некој ќе биде добар родител или не, тешко е да се каже со сигурност. Нема гаранции за ништо на овој свет, вклучително и доброто родителство. Освен тоа, тешко е точно да се дефинира што е добар родител. Но, сигурно можеме да препознаеме кога некој оди во погрешна насока.

Сепак, постојат некои особини што би можеле да ни дадат претстава за тоа каков родител ќе биде некој, дури и пред да стане родител. Овој пат ги разгледуваме особините што еден маж може да ги има пред да стане родител, а кои укажуваат дека ќе биде добар татко. Секако, голем дел од родителството се обиди и грешки, и никој од нас никогаш нема да биде совршен во тоа, но кога некој има одредени вештини и вродени склоности, има поголема веројатност за успех.

Мажите што се „предодредени“ да бидат татковци обично ги имаат овие 20 особини:

Доверливост

Децата треба да знаат дека можат да се потпрат на своите родители – пристигнување навреме, одржување на дадениот збор…

Искреност

Студија открива дека кога возрасните ја заслужуваат довербата што им ја дале децата и покажуваат чесно однесување, децата реагираат така што самите се поискрени.

Скромност/понизност

Децата треба да научат дека светот е несовршен и дека без разлика колку му се восхитуваат на својот татко, тој е само човек. Непогрешливоста и скромноста се важни особини што треба да им се покажат на децата.

Внимание

Татко кој може да му го посвети на своето дете своето неподелено внимание го учи на една од најважните животни вештини. Со активно слушање, испраќаме порака дека некој ни е важен.

Трпеливост

Изливите на гнев се очекувани, иако непријатни. Кога се во игра и тинејџерските хормони, интензитетот е на повисоко ниво. Ако идниот татко не може трпеливо да се справи со фрустрацијата, тој нема да биде ефикасен родител.

Разиграност

Секое дете сака да се забавува, а татковците го прават тоа најдобро! Борење, скокоткање, преземање ризици… Татковците треба да бидат малку разиграни и будалести.

Љубопитност

Љубопитноста е желба да се научи нешто ново. Всушност, љубопитноста е предиктор за успех.

Емпатија

Без ова, родителството едноставно не функционира. Родителот мора да биде способен не само да сочувствува со друга личност, туку и да се стави во негова кожа, а потоа да биде подготвен да дејствува.

Приспособливост

Цврстото родителство не функционира толку добро денес како порано. Треба да знаете кога да стоите цврсто, а кога да попуштите малку или целосно да се откажете.

Оптимизам

Има доволно песимизам во светот во моментов. На децата им е потребна надеж. Им треба некој во нивниот живот кој може да им покаже што е можно и да им даде храброст да ги следат своите соништа.

Прагматизам

Покрај тоа што се оптимисти, ефективните татковци треба да бидат прагматични. Треба да има еднаква доза на реализам за тоа што е потребно за да се успее во животот.

Креативност

Креативноста не мора да значи уметнички мозок. Она што е важно овде е колку креативност се внесува во решавањето проблеми. Решенијата нема да бидат црно-бели во денешните дилеми за родителство. Секој маж што поседува креативност ќе биде многу понапред од другите родители.

Асертивност

Структурата е клучна во родителството, недоволно цврстите правила се непријател, а асертивноста може да го спаси денот. Во оваа смисла, асертивноста значи да се биде самоуверен и цврст, без агресивност или непријатност.

Совесност

Совесноста ќе го наведе мажот да биде внимателен и стабилен и пример за своите деца. Ова значи дека тие исто така ќе бидат внимателни, промислени, ориентирани кон поставување цели и почитување правила.

Автентичност

Родител кој е ист однадвор каков што е однатре покажува доследност и обезбедува сигурност. Неговото дете го гледа светот како безбедено место.

Упорност

Потребна е вистинска храброст за да го добиете она што го сакате во животот. Ако мажот е страстен за своите цели, работи напорно за она што го сака, неговите деца ќе се восхитуваат на неговата посветеност, издржливост и отпорност.

Подготвеност да се помогне

Како што децата учат и растат, потребна им е помош. Потребен им е некој што е посветен и дарежлив со своето време и енергија. Добриот родител обезбедува токму вистинска количина на помош – доволно за да биде поучна, но не толку многу за децата да станат неодговорни.

Приврзаност

Љубовта е сè што ни треба – во ред, не е сè, но многу значи. Татковците што се поотворени за покажување и споделување на своите емоции имаат поголема веројатност да имаат емоционално поврзани деца.

Самосвест

Воспитувањето деца значи да се биде самосвесен како родител. Тоа значи да ги прифатите вашите силни страни, да ги прифатите вашите недостатоци и да знаете кога да побарате помош.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top