Доењето е посебен момент на поврзување помеѓу мајката и детето, обезбедувајќи не само основни хранливи материи за бебето, туку и можност за создавање длабоки емоционални врски со мајката. За да го направите ова искуство што е можно попријатно и поефикасно, клучно е да се внимава на положбата за време на доењето.

Постојат различни позиции за доење кои овозможуваат адаптација на индивидуалните потреби на мајката и детето. Разбирањето на важноста на правилната положба на доењето не е само клучно за спречување непријатност, туку и за промовирање оптимално здравје и благосостојба и за мајката и за бебето.

Придобивките од правилните позиции за доење

Правилната положба за време на доењето е клучна за успешно и удобно доење на детето.

За почеток, најважно е да се поставите така што ќе ви биде удобно и вам и на вашето бебе.

Доењето по породувањето, особено ако се работи за почетно доење, може да биде стресно за мајката. Затоа, првиот совет е секогаш да се опуштите и да се чувствувате удобно, потоа да го приближите бебето и да се обидите да ја најдете оптималната положба за доење. Кога ќе го постигнете ова, ќе ги почувствувате многуте придобивки од удобното доење.

Некои од нив се:

Правилно фаќање на градите

Правилната положба му помага на бебето правилно да ги фати градите. Добро фаќање е кога бебето има широко отворена уста и успева да стави поголем дел од ареолата во устата. Ова ја намалува болката и непријатноста за време на доењето и му помага на бебето да цица поефикасно.

Превенција на болка и повреди

Неправилната положба на доењето може да предизвика болка и повреда на мајката, вклучувајќи болни брадавици, оштетување на ткивото на дојката и грбот. Правилната положба помага рамномерно да се распредели тежината на детето и да се намали притисокот.

Поттикнување правилен развој на забите и вилиците

Правилната положба на доење помага во развојот на здрави вилици и заби кај детето. Правилното цицање и правилното поставување на долната вилица за време на доењето придонесуваат за правилен развој на оралните структури.

Адекватно хранење

Добрата положба за доење помага да се осигури дека бебето добива доволно млеко за време на секое доење.

Зајакнување на емоционалната врска

Кога положбата е правилна и им е удобно и на мајката и на бебето, тоа овозможува воспоставување силна емотивна врска бидејќи физичкиот контакт и блискоста за време на доењето поттикнуваат чувство на сигурност и љубов.

Намален ризик од проблеми со градите

Добрата положба го намалува ризикот од блокирани млечни канали, маститис и други проблеми со градите бидејќи одржувањето на правилната положба помага да се одржи правилен проток на млеко.

Се поттикнува релаксација

Со правилна положба, можно е мајката и детето да се опуштат за време на доењето, што е исклучително важно за правилно лачење на хормоните, како што е окситоцинот, кој го поттикнува лачењето на млекото.

Правилни положби за доење

Доењето може да биде полесно, поефикасно и побезбедно доколку ја пронајдете правилната и оптимална положба за вас – и за бебето. Постојат неколку удобни пози за доење кои можете да ги испробате додека не ја најдете онаа што најмногу ви одговара.

Положба на лулка

Во оваа положба го држите бебето в раце, со главата на лактот, од страна на дојката од која цица. Ова е една од најчестите позиции за доење и многу мајки ја користат. За да дојдете во оваа положба, прво седнете на удобно столче или на кревет и опкружете се со перници кои ќе ве поддржат. Држете го детето в раце, нека биде свртено настрана, а неговото тело треба да се потпира на вашиот стомак додека неговата глава е во пределот на вашиот лактот.

Рагби позиција за доење

Во оваа положба држете го бебето настрана, под раката, како да држите топка. Ставете ги нозете на бебето назад кај грбот, а главата кон градите.

Странично доење

За овој вид доење, многу мајки велат дека е најубавата положба. Ставете го бебето во лежечка положба и легнете настрана. И бебето ќе биде свртено настрана и ќе ви се допирате стомаците.

Доење на грб

На мајките им е многу удобно во оваа положба бидејќи можат да легнат и да ги постават нозете како што сакаат. Удобно сместете се на каучот или креветот во лежечка положба со горниот дел од грбот подигнат. Можете да ги раширите нозете. Поставете го бебето така што ќе лежи на вашиот стомак.

Доење во исправена положба

Во оваа положба можете да седите на подот или на каучот така што ќе бидете исправени. Ставете го бебето пред вас, в скут, така што ќе биде свртено кон вас. ставете го бебето поблиску до градите. Но, оваа положба е практична ако бебето знае само да се држи.

Извор



912

X