Ако имате чувство дека сте опкружени со многу пријателки кои се викаат Марија и многу пријатели по име Александар, податоците во продолжение ќе ви покажат дека тоа не е само чувство, туку и факт.
Имено, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека најчестото женско име во Македонија е Марија, додека најчестото машко име е Александар.
Името Марија се појавува 20.699 пати, а кога станува збор за женските имиња, второто место го зазема Елена со 12.000 појави, додека третото Билјана со 11.234 појави. Потоа следуваат Весна, Снежана, Александра, Виолета, Сара, Сузана, Ана и така натаму.
Во продолжение се 50-те најчести женски имиња во Македонија.
Кога станува збор за машките имиња, најчестото – Александар се појавува 21.958 пати, додека второто најчесто – Зоран е забележано 15.401 пат. Третото најчесто машко име во земјава е Никола со 15.371 појава, а по него следуваат Горан, Стефан, Филип, Петар, Дејан, Драган, Игор итн.
Во продолжение можете да ги прочитате 50. најчести машки имиња во земјава.
912