Скијање, возење јахта, нуркање – се само дел од активностите што децата кои посетуваат скапи и ексклузивни училишта можат да ги уживаат во своето слободно време, според извештај објавен од „Центи-милионер“.
Извештајот е креиран од „Њу ворлд велт“ и „Хенли енд партнерс“.
Еве листа со 10. најскапи училишта во светот. Имајте предвид дека овој извештај е стар речиси три години, па цените може да бидат различни сега.
-Институт Розенберг, Сент Гален, Швајцарија – 142.340 долари
-Институт Ле Розеј, Рол, Швајцарија – 134.240 долари
-Колеџ Аиглон, Вилар-сур-Олон, Швајцарија – 132.200 долари
-Колеџ Алпин Бо Солеј, Вилар-сур-Олон, Швајцарија – 117.980 долари
-Меѓународно училиште „Сент Жорж“, Монтре, Швајцарија – 111.850 долари
-Американско училиште „Лејзин“, Лејзин, Швајцарија – 105.800 долари
-Меѓународно училиште „Колеџ ду Леман“, Женева, Швајцарија – 99.000 долари
-Глобално училиште „ТИНК“ – 94.000 долари
-ТАСИС, Тичино, Швајцарија – 92.800 долари
-Меѓународно училиште „Брилантмон“, Лозана, Швајцарија – 87.600 долари
Како што можете да видите, од 10, 9 од најскапите училишта се наоѓаат во Швајцарија.
Според горенаведениот извештај, ова се училишта кои привлекуваат и ученици (поточно, нивните родители) и професори од целиот свет. А фокусот на наставата и целиот процес на школување НЕ е на совладување на материјалот што го обезбедува планот и програмата, во смисла на познавање факти и информации од различни области.

Овие училишта ги посетуваат деца на претприемачи, сопственици на големи бизниси, извршни директори на моќни компании, влијателни политичари. Сите тие сакаат училиште кое ќе го направи нивното дете лидер.
Институтот Ле Рози, кој е втор на оваа листа, е познат и како „училиште на кралеви“ и затоа ги привлекува децата на кралските семејства и супербогатите.
Накратко, ова се училишта каде што децата учат како да станат и да останат моќни лидери многу повеќе отколку што учат за, да речеме, фотосинтезата или датумите на битките во Првата светска војна.
Додека вашето дете ја бара вредноста на X во сложена равенка, децата во некои од најскапите училишта учат како да водат тимови и да соработуваат со владите, како да ја забележат слабата алка во тимот, како да преговараат во дипломатски кругови, како да создадат стартап-компанија или, накратко, како да го доразвијат успешниот семеен бизнис.
И како бонус, исто така, воспоставуваат многу корисни, непроценливи контакти со други ученици кои, не е тешко да се претпостави, доаѓаат од слични кругови.
Автор: Александра Цвјетиќ