Воспитување

Ова се најпопуларните имиња за бебиња во светот во 2025 година

Годинава завршува, а тоа е време кога се собираат впечатоци, како и некои податоци. Според листата што секоја година ја објавува „Бејби центар“, откриени се 10 машки и 10 женски имиња што ја одбележале 2025 година. Некои имиња на листата се таму со години, но има и нови, а некои се многу популарни и во регионот.

Најпопуларните имиња за девојчиња

Она што останува непроменето е дека Оливија е на врвот на листата со најпопуларни имиња за бебиња девојчиња. Ова име доаѓа од латинскиот збор „олива“, што значи маслиново дрво, што е симбол на мир, мудрост и пријателство.

Меѓу првите три женски имиња се и Амелија и Софија, име кое беше прогласено за најубаво во светот.

Аурора, Ели, Елијана, Ема, Избела, Миа и Шарлот се преостанатите популарни имиња за девојчиња од првите 10.

Најпопуларните имиња за момчиња

Досега најпопуларно име за момчиња оваа година е Ноа, кое станува сè почесто и во регионот. Потекнува од хебрејското име Ное, што значи „одмор“ или „утеха“ и тоа убаво и смирувачко значење е веројатно една од причините зошто родителите го избираат сè почесто за своите момчиња.

Меѓу првите три имиња се и Лијам и Оливер.

Преостанатите популарни имиња за момчиња меѓу првите 10 се и Ашер, Езра, Илајџа, Леви, Лука, Лукас и Матео.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

To top