Кога бевме деца, честопати сакавме да изгледаме или да се однесуваме како возрасните. Токму со истиот проблем се соочило и ова мало девојче кое се расплакало бидејќи нема брчки на лицето како нејзините родители.
Урнебесната сцена ја споделила нејзината мајка Вик, на социјалната мрежа „Тик-ток“, каде што објавува видеа под името @vic_cross, а видеото за само неколку дена стана вистински хит. На видеото кое моментално има речиси два милиони прегледи се гледа како Вик ја теши својата ќерка, која неутешно плаче веќе 20 минути бидејќи нема брчка на челото како мама и тато.
„Ако навистина ги сака толку, јас ќе ѝ ги донирам моите“, „Колку мило девојче, не грижи се малечко, и ти ќе ги имаш еден ден“, се само дел од коментарите на тиктокерите.