Видео на кое една девојка охрабрува 4-годишно девојче кое мисли дека не е убаво стана вирално, пренесувајќи порака до сите девојки, без оглед на возраста.
На видеото 4-годишната Аријона седи на столче и вели: – Толку сум грда!
Девојката, изненадена од зборовите на девојчето, веднаш ѝ вели: – Не вели го тоа! Не вели го тоа! Ти си толку убава! Ме слушаш? Ги имаш најубавите мали дупчиња на образите. Ти си толку слатка.
Девојчето почнува да плаче, а таа се обидува да го утеши.
– Ќе ме расплачеш и мене. Не си грда, Аријана. Не си грда. Многу си убава. Имаш прекрасна чоколадна кожа. Прекрасна си. Се сеќаваш што ти реков? Колку луѓе имаат две дупчиња на образите? Никој. Ајде да те видам како се смееш. Дај да ти ги видам забите. Види ги прекрасните бели заби. Не, нема да плачеш. Ти си прекрасно мало девојче. Ти си убава. Ти си најубавото девојче во твојот клас. Кога ќе одиш на училиште утре, со средена коса, ќе им речеш: „Видете ми ја косата, видете ми ги чевлите, облеката“. Ти си убава. Црното е убаво и ако никој не ти кажал, јас ќе ти кажам, ти си прекрасна, ти си убава. И кога ќе пораснеш, ќе бидеш сè што можеш да бидеш. Ќе бидеш најдобриот козметичар, адвокат, доктор, наставник, што и сакаш да бидеш, најголемиот претприемач! Кога ќе станеш наставник, нема да бидеш лоша, ќе бидеш добар наставник – вели таа.
– Треба да бидеш среќна постојано бидејќи си мало дете, имаш само четири години и не треба да знаеш ништо за тоа да се биде грд. Држи ја главата исправена! – вели таа.
– Ти си многу убава. Имаш прекрасно срце и добри манири – завршува таа.