„Моето дете има шест години и полека станува сомничаво кога станува збор за Дедо Мраз. Прашањата следуваат едноподруго, а мене и на мојот сопруг ни станува сè потешко да одговориме на нив. Затоа, барајќи го најдобриот начин да го соочам со вистината за Дедо Мраз, дојдов до одлична идеја“ , пишува една мајка.
– Накратко: Кога децата се мали, добиваат подароци од Дедо Мраз, но само најдобрите деца ја добиваат привилегијата самите да станат Дедо Мраз! На овој начин, целата магија за постоењето на Дедо Мраз не е мит што треба да се разбие, туку станува серија добри дела што го зајакнуваат и прошируваат божиќниот дух“ – предлага таа.
Кога детето ќе почне да се сомнева, одете со него некаде на сок или во парк, на место каде што ќе можете да разговарате на мир. Кажете му: „Гледам дека многу порасна оваа година. Не само што си повисок, туку гледам дека и твоето срце е поголемо (посочете неколку добри дела што ги направило детето во текот на годината). Всушност, твоето срце е доволно големо сега, па можеш и самиот да станеш Дедо Мраз.
Веројатно веќе забележа дека повеќето Дедо Мразовци што ги виде се всушност луѓе облечени како Дедо Мраз. Можеби дури и некое другарче ти кажало дека Дедо Мраз не постои. Многу деца мислат така затоа што сè уште не се подготвени самите да станат Дедо Мраз, но ти си.
Кажи ми ги најдобрите работи што ги знаеш за Дедо Мраз. Што добива Дедо Мраз за својот труд и работа (колачиња, чувство на исполнетост за стореното добро дело). Сега си дефинитивно подготвен да станеш Дедо Мраз“.
Потоа, заедно со детето изберете некој од блиското опкружување на кого детето ќе му биде Дедо Мраз. Мисијата на детето е да открие што сака таа личност од Дедо Мраз, да го подготви подарокот, да го спакува, скришно да го однесе и никогаш да не каже кој го донел. Да се биде Дедо Мраз не е нешто за кое треба да се добие признание. Тоа е несебичен подарок, без да очекувате нешто за возврат.
Оваа мајка понатаму пишува дека нејзиниот најстар син, од сите луѓе во опкружувањето, ја избрала сосетката која никако не сакала деца и секогаш ги замолчувала кога играле близу нејзиниот прозорец. Нејзиниот син забележал дека во дворот доаѓала боса, па одлучил да ѝ купи влечки.
Но, морал да оди кај неа дома за да види кој број носи таа. Ѝ купил влечки, ги спакувал и ѝ оставил порака: „Среќен Божиќ! Дедо Мраз“ и го оставил пакетот на вратата утрото на Божиќ. Чекале и отстрана гледале како таа го зеле пакетчето и зачудено го распакувала додека влегувала во куќата. Следниот ден кога момчето видело дека сосетката ги носи влечките, било толку среќно што мајката морала повеќе пати да го потсетува дека таа никогаш не смее да дознае кој ѝ ги купил влечките, бидејќи тогаш нема да биде Дедо Мраз.
Низ годините, детето секогаш ќе избира некој друг да му биде таен Дедо Мраз, а најубавото чувство е кога ќе дојде време на второто дете да му ја кажете истата работа, а првото дете ќе ви помогне и ќе го води своето братче или сестриче. Заедно сите прават добри дела, правејќи среќна некоја личност.
Дали постои подобар доказ дека Дедо Мраз сепак постои?
912