Образование

Ова е најдобрата наставничка на светот според „Кембриџ“

Сидни Енгелберт од Малезија е прогласена за најдобра наставничка во светот. 30-годишната професорка по англиски јазик ја освоила наградата за посветен наставник во Кембриџ, натпреварувајќи се со 14.800 номинирани наставници од 141 земја од целиот свет.

Скромно припишувајќи го нејзиниот успех на поддршката од семејството и пријателите, како и од одличните колеги и студенти, Енгелберт изјавила:

-Без нив ова не би било можно.

Таа претходно ги освоила „Кембриџ дедикејтед тичрс авордс 2024“, за регионот на Југоисточна Азија и Пацификот, со што се квалификувала за целокупната награда.

Во нејзиниот победнички запис, Енгелберт напишала за нејзините искуства како професорка по англиски јазик во рурално стручно училиште во Кенигау. Во обид да го збогати искуството за учење на своите студенти, таа започнала курс за онлајн размена во 2022 година, со неколку стручни училишта во Малезија, Филипини, Камбоџа и Индонезија.

Наградата за најдобар наставник во Европа ја добил Ајнур Бајазит од Турција.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top