Најдобро опкружување и услови за подигнување деца има Норвешка. Скандинавската земја е рангирана пред Јужна Кореја, Холандија, Франција и Ирска според различни критериуми што се однесуваат на благосостојбата на децата.
Во истражувањето спроведено од медицинското списание „Лансет“ во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ биле опфатени области како здравството, образованието и исхраната.
Истражувањето покажа дека водечките држави, кои се рангираат и меѓу најбогатите земји во светот, имаат супериорни системи за развој на децата, како што се училиштата, болниците и политиките за заштита на животната средина.
Сомалија, Чад и Централноафриканската Република се рангирани како најлоши земји за подигнување деца.
Сепак, Светската здравствена организација, вели дека ниту една земја не прави доволно за поддршка на наредната генерација.
Во извештајот се рангирани земјите и според нивното ниво на прекумерни емисии на јаглерод, поточно нивните проектирани нивоа до 2030 година. Утврдено е дека многу водечки земји заостануваат во мерките за одржливост.
Според индексот за нивото на прекумерни емисии на јаглерод, Норвешка се најде на 156. место, а Америка на 173. место.
– Од климатската криза до дебелината и штетниот комерцијален маркетинг, децата во светот мора да се соочат со заканите што беа незамисливи пред само неколку генерации – изјави Хенриета Фор, извршна директорката на УНИЦЕФ.
Целосното истражување можете да го погледнете ТУКА.