– Драга, за што размислуваш?“

Застанав една минута, двоумејќи се дали да одговорам целосно искрено или да го дадам типичниот одговор што ќе биде патоказ за понатамошниот разговор.

„За ништо посебно, навистина“.

Што беше лага.

Затоа додадов: „Размислувам како децата го поминуваат времето кај нивните баби и дедовци“.

Што беше малку помала лага.

Вистината е дека мојот мозок секогаш работи, како и мозокот на повеќето мајки. Секогаш. Не знам точно на што мислев во тој момент кога мојот сопруг ме праша, но пет минути пред тоа?

Мозокот ми работеше со неверојатна брзина.

Што беше тоа?

Ништо. Сè. Сè помеѓу…

Морам да го земам тоа и тоа од пошта пред да тргнеме во понеделник. Дали ги одонесов парите во градинка? Ќерката не јаде доволно зеленчук. Повторно го пропуштив рокот на работа. Дали имам проблем со анксиозноста? Треба да се консултирам со лекар… Што ме потсетува – дали мојот син треба да прими некакви вакцини? Секако треба да се јавам кај педијатарот. Му треба нова облека за на училиште, надраснал сè.

О не, облека! Заборавив да ја вклучам машината!

Потсетување: На „Гугл“ да побарам рецепти за храна за бебиња и да ги додадам во листата за пазарење. Да се јавам на лекар. Да ги средам контактите. Да ги ставам алиштата во машина за сушење, ама прво да ги помирисам. Можеби ќе треба повторно перење. Уф, ручек!

Го заборавив пилешкото во рерната! Добро е, не изгоре многу! Не ѝ одговорив на пораката од Милица, ќе се налути.

Пробиотик, му дадов ли на малиот пробиотик? Ах, не знам.

Ми недостига моето мало дете. Едвај чекам да одам да го земам. Се надевам дека добро ќе се забавува таму.

И токму тоа морав да го понудам како одговор – врвот на ледениот брег.

Не одговорив на ова, не затоа што не можам да му го кажам тоа – секако дека можам. Тој е мојот најдобар пријател. Тој може да го слуша сето тоа. Не му кажав затоа што…

Ова е мозокот на мајката. Цело време. Има дури и име: ментално оптоварување.

Ова е причината што многумина од нас се чувствуваат толку уморни, и покрај фактот што „сè што правиме“ е да останеме дома. А ние што балансираме со работата надвор од домот? Самата помисла ме исцрпува.

Сретнуваш пријателка, исто така мајка, ја прашуваш како е и таа одговара „Уморна“.

Недостигот на сон не е секогаш причина. Порано беше, но има уште повеќе, нели? Нешто подлабоко. И секогаш, во задниот дел на мојот ум, мозокот ми се врти, работи.

Мајки, го разбирате ова, нели?

Ако не се сетиме да ја вклучиме машината, кој ќе ја вклучи? Ако не размислуваме за зеленчук, е па, детето воопшто нема да го јаде. И посети на лекар, рецепти за лекови, пакување листа за патување…

Сето ова е на невидлив список во нашите глави.

Ова е ментално оптоварување со кое сите се справуваме. И не велам дека е лошо и дека треба да направиме нешто за да го поправиме, да го подобриме. Не знам ни дали воопшто можеме да го поправиме.

Понекогаш е доволно само да се признае дека постои. Постои причина зошто сме уморни иако се чувствуваме како да не сме направиле ништо.

Затоа што сè што не е направено и сè што треба да се направи постојано се повторува и се врти во круг во нашите глави. Круг кој никогаш не престанува да се врти. Дури ни кога децата ќе пораснат.

Извор



912

X