Mondano Playground Center е најголемата игротека под отворено небо што вчера беше отворена во Скопје. Таа е во рамките на Спортскиот комплекс „Мондано“, кој се наоѓа зад гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Стотици деца ќе можат да играат на уникатните поставки како Ninja Warrior паркот, големата трамбулина и Зорб-топките за одење по вода. Сите овие игри се посебно избрани од тимот на „Мондано“ со цел да има што е можно повеќе можности за физичкиот и социјален развој на најмалите.
Приказната на Спортскиот комплекс „Мондано“ трае веќе 8 години и илјадници млади имаат поминато низ нивните терени, особено учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои ги користат бесплатно. Нивниот развој и среќа беа мотивација да се отвори Mondano Playground center.
(комерцијална објава)