Игротека

Татковците во ЕУ ќе мора да земат породилно отсуство најмалку 10 дена

Eвропскиот парламент ја изгласа новата директива за рамнотежа меѓу работниот и приватниот живот на родителите, според која мажите ќе имаат минимално 10 дена платено породилно отсуство по раѓањето на детето, а се воведува и ново право на платен одмор за грижа за блиски роднини.

Новата директива стапува во сила 20 дена по објавата во Службен весник на ЕУ, а државите-членки имаат рок од три години, во кои мора да ги воведат новите правила во своите законодавства.

Меѓу другото, директивата предвидува најмалку десет работни дена татковско породилно платено отсуство, како и боледување, 2 месеца непреносливо платено родителско отсуство, пет дена отсуство за грижа на годишно ниво и право родителите да бараат флексибилно работно време, балансирајќи меѓу потребите и на вработените и на работодавците.

– Парламентот широко го усвои договорот за правила за рамнотежа меѓу работата и животот, поставувајќи неколку индивидуални права не само за родителите, туку и за оние што се грижат за роднините – изјави пратеникот Дејвид Каса, кој беше преговарач за директивата.

Во текот на разговорите Каса рече дека преговарачите имале силна позиција и дејствувале во интерес на европските семејства.

– Она за кое се согласивме не само што ќе се преточи во подобар квалитет на животот за нашите граѓани, туку и ќе ја зголеми продуктивноста и ќе помогне да се намали родовиот јаз во платата и пензијата – рече тој и додаде дека е пронајдена вистинската рамнотежа меѓу правата на вработените и очекувањата на работодавците.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top