љубомора однесување Прашај психолог

Откако го родив второто бебе, син ми стана многу нервозен и агресивен. Како да му помогнеме да се смири?

ПРАШАЊЕ: Моето дете неодамна наполни 5 години, а пред година и пол ни се роди второто дете со кое лежевме два-три пати во болница. Оттогаш поголемиот е многу нервозен, не слуша ништо, прави само тоа што сака. Мислев ќе му помине со текот на времето, но само станува поагресивен, како можеме да му помогнеме ние како родители?

ОДГОВОР: Вашето дете на три и пол години добива нов член во семејството, при што во последните една и пол година неколку пати се соочува со ваша хоспитализација. Таквите ситуации претставуваат стрес за самото дете и бараат организација и соодветен пристап при изворот на тој стрес.

Оттогаш вие забележувате промени во неговото расположение и агресивно поведение. Најнапред, потребно е заедно да ги адресирате работите кои за него претставуваат најголем извор на таквите емоции. Тоа може да го направите преку мост од приказни кои заедно ќе ги читате и обработувате. За таа цел, ви ја препорачувам едицијата психолошки прирачници за деца во издание на Либи која бара постепено, внимателно и истрајно да се сработи со цел да постигнете увиди, а преку вежбите да направите катарза кај детето за некои од емоционалните доживувања. Доколку ситуацијата сѐ уште продолжува, обратете се кај стручно лице психолог, психотерапевт.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

To top