Кога забременила на 18 години и дознала дека ќе има девојче, мајката Кајла се надевала дека ќе ги наследи нејзините гени и ќе биде вита.
Нејзиното бебе се родило со тежина од 3,3 килограми, што е малку помалку од американскиот просек. Но, на 14 месеци девојчето веќе носи облека наменета за тригодишни деца, а Кајла тврди дека не е дебела.
– Во текот на бременоста мислев дека моето бебе ќе биде ситно – напиша таа на виралниот тик-ток предизвик, а потоа покажа снимка како држи прилично големо бебе в раце.
– Нејзиниот татко е висок и голем, па таа личи на него – додава мајката.
Откако видеото стана вирално и собра над 9 милиони прегледи, Кајла се најде на удар на интернет-корисниците.
– Детето треба да се движи, а ова е дебелина – ѝ напиша една личност.