Игротека

Осумгодишно девојче тестира пушки, пиштоли и пламенофрлачи

Осумгодишно девојче доби илјадници следбеници, поточно 160.000, и над 12 милиони прегледи поради тестирање пушки, пиштоли, па дури и пламенофрлач на нејзиниот јутјуб-канал.

Отмн Фрај професионално ракува со смртоносно оружје, а нејзиниот татко Ренди го снима сето тоа и го објавува на „Јутјуб“.

– Децата се иднината на оружјето во Америка, а Отмн е неверојатен пример за нашата иднина – вели тој.

Ренди ја учел Отмн за оружјето и безбедноста околу оружјето уште кога била мала. Тој почнал да снима кога таа имала седум години, а во првото видео ѝ покажал како функционира „глок“ и какви куршуми користи.

И додека другите деца прават рецензии за играчки, Отмн ги споредува пиштолите и ги посетува полигоните, каде што користела и митралез.

– Ова е навистина корисно за палење камперски оган – вели тој во видеото објавено во јули, во кое тестира пламенофрлач.

Нејзината популарност порасна толку многу, што сега има дури и своја веб-страница каде што продава налепници и потпишани постери. Сепак, и покрај стотиците обожаватели, најавите предизвикуваат и контроверзии. Нивниот јутјуб-канал беше отстранет неколку пати.

За децата во САД, оружјето е тема што влегува во нивните животи многу рано, било преку училишни вежби за активно пукање било преку семејно поседување пиштол. Законот за спречување пристап на децата (CAP), понекогаш познат како Закон за безбедно складирање, вели дека е нелегално возрасно лице да чува оружје на место лесно достапно за децата. Законот е во сила во десетина држави. Поддржувачите на овој закон тврдат дека тоа е ефикасен начин за намалување на смртноста кај децата.

Во 2017 година 73 деца помлади од 12 години починале во САД откако случајно испукале од огнено оружје.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top