Седумгодишно момче седи во мојата канцеларија борејќи се сопствените солзи. „Продолжи“, си вели себеси тивко, повторно и повторно. „Од што продолжуваме?“ – прашањето го крева од циклусот на негативно размислување, па почнува да зборува. Вознемирен е поради неговиот фудбалски тим. Не добиле ниту еден натпревар цела сезона. Не постигнал ниту еден гол цела сезона. Децата се лути и се расправаат меѓу себе, а тој е преплавен од емоции. Се чувствува различно бидејќи другите момчиња изгледа како да не се грижат толку. Нивните чувства не се повредени. Не се распаѓаат на крајот од секој натпревар. Продолжуваат понатаму со леснотија.
Тој ми вели дека неговите родители му помагаат да продолжи понатаму. Знае дека е чувствителен. Родителите му велат дека тоа што е премногу чувствителен го прави да биде мета. Другите деца ќе те задеваат, му велат. Мора да научи да се зајакне. Некои деца едноставно се почувствителни од другите. Некои деца се справуваат со поразите и успесите во животот без проблем, додека другите искусуваат повеќе емоции одеднаш. Добрата вест е што и двете работи се совршено нормални. Не мора да го „зацврснувате“ вашето сензитивно дете. Чувствителните момчиња во светот се обично оние кои се заземаат за другите, се однесуваат како лидери во нивните врснички групи и ги учат другите да се грижат за чувствата на оние околу нив. Чувствителните момчиња се љубезни, дарежливи и во допир со сопствените емоции. Ова се неколку причини да го вреднувате вашиот чувствителен син:
Има емпатија за другите – чувствителноста и емпатијата обично одат рака под рака, а вашиот чувствителен син има способност да разбере како се чувствуваат другите. Тоа го прави одличен пријател и ја обезбедува потребната поддршка за другите. Иако чувствителните момчиња може да бидат преплавени со емоции, нивното високо ниво на емпатија ги зајакнува да се заземаат за другите и да мислат и на светот околу нив.
Отпорен е – Многу луѓе веруваат дека повремените солзи и другите изразувања на емоциите се знак дека на детето му недостига отпорност. Но, изразувањето на чувствата им помага на чувствителните момчиња да се справат со нивните емоционални состојби. Кога учат да се справуваат со големите чувства, тие стануваат подобри и во совладување на вештините за решавање проблеми.
Перцептивен е – Чувствителните деца имаат тенденција да се занимаваат со работите кои другите не ги преферираат. Чувствителните момчиња учат како да „ја читаат“ собата, односно да донесат соодветни одлуки врз она што го гледаат.
Добри се во однос на грижата за себе – Во свет кој е предводен од стрес, чувствителните момчиња знаат како да забават и да пронајдат баланс.
Можеби ќе побара да направи пауза или да си игра сам кога ќе биде исцрпен или вознемирен, а сигурно знае што му помага да се смири, кога надворешниот свет му станува премногу вознемирувачки.

Знае како да се справи со досадата – Има корелација помеѓу чувствителноста и креативноста, а вашето чувствително момче најмногу знае како да ги исполни своите денови со забава. Грешката што ја правиме е што претпоставуваме дека креативноста вклучува визуелна уметност, музика или слично, но креативноста доаѓа во многу форми. Играта вклучува многу креативност, а чувствителните деца може да имаат активна имагинација која води до интересни нешта.
Додека е природно родителите да се грижат за тоа како нивниот чувствителен син ќе се справува со притисокот од врсниците, вистината е дека чувствителните деца се во баланс со своите потреби и чувства, како и потребите и чувствата на другите. Ова ги прави емпатични слушачи, одлични помагачи, како и примери помеѓу своите врсници.
Затоа, прославувајте ги љубезното срце и чувствителната природа на својот син и гледајте го како се развива.
Автор: Кејти Харли