Емпатијата е способност на човекот да ги разбере и да сочувствува со луѓето околу себе. Иако многу родители се стремат да го воспитаат своето дете еден ден да прерасне во емпатична личност, на некои тоа едноставно не им оди од рака. Како што објаснува психологот Мишел Борба, постојат карактеристики по кои можеме да препознаеме дете на кое му недостига емпатија.
Како прво, детето кое нема доволно развиена емпатија често е склоно да ги озборува или да ги критикува оние што не го делат неговото мислење. Психологот објаснува дека таквото дете не може да се стави во туѓа позиција.
Обично е нечувствително кон потребите на другите, односно може да набљудува некој на кој очигледно му е потребна помош и да не направи ништо во врска со тоа.

Исто така, психологот нагласува дека детето на кое му недостига емпатија има големи проблеми во склопувањето пријателства затоа што чувствува дека заслужува сѐ да му биде подредено и дека има право да добива услуги без да даде ништо за возврат. Кога некој одбива да му помогне, детето на кое му недостига емпатија го сфаќа тоа како лична навреда и во повеќето случаи се навредува или се расправа.
Друга карактеристика на детето со недостиг на емпатија е постојано да зборува за себе. Тоа претежно ќе зборува за себе, за своите проблеми и достигнувања, без разлика дали некој од присутните го интересира тоа или не. Детето кое не е емпатично е склоно да ги повредува луѓето околу себе затоа што често зборува за нешто или прави нешто што ги навредува.