Основните училишта во Општина Бутел ќе добијат интерактивни табли. Општината набавила 50 вакви табли за учениците.
Освен табли, според градоначалникот Велимир Смилевски, набавени се: душеци за спортски сали во училиштата, топки за сите екипни спортови, мрежи и рекети за пинг-понг, табли и конструкциии за кош и др. Исто така, набавени се наставни помагала за деца со попреченост: графомоторичка табла, сложувалки со букви, со возила и животни, со магнет, со броеви, со часовник, како и креативен сет за нижење. По еден ваков комплет ќе добијат сите седум основни училишта.

Целата оваа училишна набавка била во вредност од 3.763.595 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината.



912

X