Осмоодделенката Сара Стефановска од Крива Паланка освои бронзен медал на Европската младинска олимпијада по информатика. Таа се закити со медал во конкуренција од 92 учесници. Ова е вкупно трет бронзен медал за македонски тим на оваа олимпијада во изминатите четири години колку што постои.
Тимот го составија: Атина Рувинова (Охрид), Јан Стојановски (Скопје), Иван Јовановски (Прилеп) и Ема Димитриевска (Куманово). Три бронзени медали во четири изданија на Европската младинска олимпијада по информатика.


Тимот што ја претстави Македонија

– Учениците од тимот беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој редовно го организира Здружението на информатичарите на Македонија, а оваа година се одржа по 31. пат во променети услови поради актуелната пандемија. За среќа, натпреварите по информатика се одржуваат преку системот mendo.mk кој е онлајн-достапен за вежбање во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи – изјави претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов.


Сара Стефановска

Европската младинска олимпијада по информатика почна на 2 септември во виртуелниот домаќин Тбилиси, Грузија. Четвртото издание на Олимпијадата се одржа онлајн, а годинава учествуваа рекордни 27 земји. Во рок од два натпреварувачки дена информатичарите требаше да решат вкупно 6 задачи.
Според правилата за правилно спроведување на Олимпијадата, репрезентациите на земјите-учеснички оваа година требаше да бидат сместени на одредено вистинско место, од каде што ќе пристапат до платформата за натпреварување.



912

X