Цветанка Петрова, инженер-технолог и нутриционист

Цветанка Петрова, инженер-технолог и нутриционист

Нутрико диет клуб
магистранд на Диететика
е-пошта: nutrikodietklub@gmail.com
веб: www.mojnutricionist.mk

Повеќе од авторот

Орторексијата, освен кај дел од младите, е честа појава и кај младите мајки

Во последно време правилната исхрана привлекува големо внимание во јавноста, со постојани позитивни пораки за внесување овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, риба, но и со негативни пораки за тоа кои се последиците од внесувањето преработена индустриска храна, како и храна богата со шеќери и масти.
Овие пораки кај одреден дел од младата популација предизвикуваат реакции како планирање на исхраната или замена на индустриската храна со свежа, додека останатите остануваат сосема незаинтересирани.

Опседнатост

И колку внимание е доволно внимание? Посветувањето внимание на исхраната, особено уште од тинејџерските години, е исклучително позитивна одлика сè додека е во согласност со нутриционистичките препораки и додека е во умерена форма.
Претераното внимавање на исхраната, кое веќе преминува во опседнатост, се нарекува орторексија – опсесија со здрава храна. Името потекнува од грчките зборови orthos, што значи „коректно“ и orexis – „апетит“.

Во обидот да ја постигнат посакуваната тежина, да бидат подобри спортисти или, воопшто, да се хранат поздраво, мал дел од младите (околу 1%) имаат тенденција да се опседнат со здравата исхрана и таа опсесија целосно да им го контролира текот на животот. Од планирани оброци, со денови однапред, до избегнување друштва и забави…
Како и другите нарушувања во исхраната (анорексија, булимија), така и орторексијата има последици поради целосното фокусирање на исхраната и недостиг на концентрација во другите области, како учење, социјализација, спорт…

При орторексијата всушност не станува збор за броење калории и квантитетот на храната, туку за нејзиниот квалитет. Овие луѓе имаат страв дека ќе внесат нешто „нездраво“.
Орторексијата е честа појава и кај младите мајки, кои во обид што поздраво да ги дохрануваат своите доенчиња и мали деца, стануваат опседнати со здравата исхрана.

Како да се спречи?

Во морето од информации на социјалните мрежи и електронски медиуми, верувам дека секој е во некаква дилема во врска со тоа што е здраво, а што не.
Слушајте го сопственото тело, научете да ги разберете неговите потреби и следете ги општите препораки за здрава исхрана.
Секако, доколку сè уште имате дилеми или, пак, имате здравствен проблем, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар или да побарате совет од нутриционист или диететичар.



912

X