Воспитување

Орландо Блум: „Мојата работа како родител е да им се тргнам од патот на моите деца“

Иако повеќето го паметат како елфот Леголас од „Господарот на прстените“ или авантуристот од „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум сега е посветен на улога во која нема ниту камера ниту публика – улогата на татко. Славниот актер е татко на 14-годишниот Флин, кого го има со поранешната сопруга Миранда Кер, и четиригодишната Дејзи Дав, неговата ќерка со пејачката Кети Пери.

Во новата епизода на поткастот „Опра“, Блум отворено зборувал за тоа колку многу работата на себе го променила – особено кога станува збор за одгледувањето деца. А еден од клучните моменти во тој процес е учеството во таканаречениот Хофман процес, интензивна програма за личен развој која им помага на луѓето да ги идентификуваат и „демонтираат“ моделите на однесување наследени од сопственото детство.

-Мислам дека мојата работа како родител сега е да им дозволам на моите деца да растат без да им се мешам. Да не им стојам на патот и да не дозволувам некој друг да им застане. Да бидам благодарен за можностите што им се појавуваат на патот и да ги гледам предизвиците пред нив како можности за раст – рекол тој.

Тоа не значи дека сè оди непречено, признал актерот.

-Не тврдам дека сум совршен. Воопшто не е лесно. Но, без Хофмановиот процес, не мислам дека ќе можев да го сфатам тоа. Мислам дека постојат одредени „предизвикувачи“ што лесно би можеле да ме вратат на моите стари навики – истакнал Орландо.

Денес, кога се наоѓа во конфликт со својот тинејџер или четиригодишно дете, Орландо вели дека може да застане, да направи чекор назад – да си даде простор – и дури потоа повторно да влезе во разговорот обидувајќи се да ја разбере перспективата на детето.

Иако ретко зборува јавно за приватниот живот на своите деца, Блум претходно зборувал за тоа што најмногу сака да прави со нив.

-Најмногу уживаме во искуствата што ги имаме заедно – од патувања во природа, посети на музеи, денови во Дизниленд, до прошетка низ поле со тикви – изјавил тој за магазинот „Пипл“ во 2021 година.

-Мојот живот е благословен поради луѓето во него. И за тоа сум многу благодарен -заклучил актерот.

Тој неодамна споделил неколку семејни фотографии на „Инстаграм“, вклучувајќи една ретка со поранешната партнерка Кети Пери и ќерката Дејзи. На другите фотографии се тој, синот Флин и среќни моменти од одмор во природа.

Извор

Поврзани написи

To top