Игротека

Општина Аеродром ослободува одредени родители од плаќање надоместок за престој на нивните деца во две градинки

Општина Аеродром соопшти дека ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница, со што се ослободуваат од плаќање следните категории:
-Родители на три деца запишани во градинката;
-Самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата;
-Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи;
-Двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата;
-Родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата.

Од Општината додаваат дека ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.

Фото: Општина Аеродром

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top