Развојот на дигиталната технологија овозможи децата да имаат пристап до интернет на многу порана возраст. Иако интернетот нуди многу едукативни и забавни можности, тој носи и одредени ризици, особено за децата кои сè уште учат како да препознаат потенцијални опасности. Затоа е клучно да се постават јасни правила и граници за да се осигури нивната безбедност во онлајн просторот.
Терапевтката и мајка на три деца Џесика Вандервиер неодамна на нејзиниот инстаграм-профил сподели седум клучни правила што можат да им помогнат на родителите да ги научат децата како безбедно да се однесуваат на интернет.
- Никогаш не споделувај ги твоите лични податоци со никого на интернет.
- Комуницирај исклучиво со членови на семејството и блиски пријатели.
- Сè што ќе споделиш онлајн, останува таму засекогаш.
- Никогаш не споделувај ги твоите лозинки со други, дури ни со пријатели или членови на семејството.
- Уредите се користат само кога со родителите сте во иста просторија.
- Ако некогаш видиш нешто што те вознемирува, веднаш кажи им на родителите.
- Никогаш не испраќај слики од себе или од други на интернет, особено не без облека или слики од приватни делови на телото.
– Пубертетот не е само период на физички промени – тоа е и време кога децата добиваат поголем пристап до интернет, било дома, во училиште или во друштво на пријатели. Затоа е важно да се постават заштитни мерки и јасни граници за да ги заштитиме додека нивната љубопитност и пристап до интернет растат – заклучува терапевтката.
912