Воспитување

Оние што растат со сестра се посреќни – покажува студија

Ако сте пораснале со брат или сестра, веројатно знаете дека тоа не е баш „прошетка во парк“. Можеби сте се поврзале врз основа на начинот на кој мајката ве третирала или поради смешните филмови со кои сте биле опседнати. Но, има периоди кога и не сте биле баш добри едни кон други.

Сепак, има нешто што го топли срцето кога растете со луѓе кои ги споделуваат истите искуства со вас. Одлично е да знаете дека секогаш некој стои зад вас. Иако ги сакаме нашите браќа и сестри еднакво, студија покажува дека оние што растат со сестра имаат поголема веројатност да бидат посреќни.

Истражувачите од универзитетите „Лечестер де Монтфорт“ и „Улстер“ во Северна Ирска проучувале 570 луѓе на возраст од 17 до 25 години. Им поставувале многу психолошки прашања за различни теми, вклучително и за менталното здравје. Собраните податоци покажале дека учесниците што растеле со сестри се охрабрени да комуницираат поотворено за своите чувства, што им дало позитивен поглед на светот.

Кога бил прашан за студијата, професор Тони Касиди рекол: „Изгледа сестрите охрабруваат поотворена комуникација и кохезија во семејствата. Сепак, браќата имаат алтернативен ефект. Емоционалната експресија е фундаментална за доброто психолошко здравје, а сестрите го промовираат тоа во семејствата“.

Тој идентификувал зошто браќата не се толкави мотиватори како сестрите во однос на „семејните улоги“: „Тоа е така веројатно затоа што момчињата имаат природна тенденција да не зборуваат за работите. Со момчињата како да има некој заговор да не се зборува. Девојчињата имаат тенденција да го кршат тоа правило“.

Трендовите откриени во студијата треба да помогнат во нудењето поддршка за семејствата во тешките периоди. Тој, исто така, посочува дека треба повеќе да се размислува за начинот на кој се справуваме со семејствата каде што има многу момчиња“.

Истражување ја докажало моќта на браќата и сестрите и порано. На Универзитетот „Бригам Јанг“ била спроведена слична студија во 2010 година, која има слични заклучоци. Сепак, оригиналната студија се состоела од 395 семејства со повеќе од едно дете, па се открило дека имањето сестра ве прави пољубезна личност. Во тоа време истражувачката Лаура Падилја-Вокер истакнала дека љубовта од браќата и сестрите е поврзана со помала стапка на деликвенција и просоцијално однесување – како и поголема љубезност и дарежливост, волонтирање и помагање на другите.

Ако се потпреме на студијата, може да се согласиме дека сестрите имаат различно влијание врз своите браќа и сестри. Врската што јас ја имам со сестра ми е некршлива. Блиски сме како близначки, некогаш сме целосно усогласени. Со брат ми, можам да помислам на многу примери кои ги кажал или направил бидејќи имал влијание од сестрите. Тој знае како да реагира кога некој е вознемирен. Тој е и оптимистот кој споделува верување дека комуникацијата може да поправи сè. Има бескрајно трпение, особено кога пријателките ни доаѓаат дома. Навистина ги цени жените и вложува труд да ги разбере. Повеќето момци ги немаат овие квалитети, кои жените ги ценат, бидејќи не го имале влијанието од растењето со сестра.

Можеби бидејќи јас, брат ми и сестра ми сме на приближна возраст и имаме многу слични карактери кои не би толерирале ништо помалку, се согласувам со студијата 100 проценти. Па, ако имате и брат, ова е потсетник да му се заблагодарите и нему.

Автор: Британи Кристопулос

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top